мн. едночинки
Вид збор: Именка, женски род
Драмска творба или театарска претстава во еден чин, во еден акт.
екранизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Снима, сними филм според некое литературно дело.
мн. екстериери
Вид збор: Именка, машки род
Филмски сцени снимени надвор од студио на отворен простор.
мн. епизодисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што игра епизодни улоги, што нема главна улога (во филм, во театар).
мн. естради
Вид збор: Именка, женски род
Издигнато место на отворено или во сала за изведба пред публика.
Англиски:
stage
Албански:
estradë
естрадни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на естрада или што е поврзан со естрада.
мн. ефекти
Вид збор: Именка, машки род
Појава што дејствува врз сетилата (звуци, шумови, светло и др.)
Англиски:
effect
Албански:
efekt